Skip to product information
1 of 8

Амбиентални светилки RGB

Амбиентални светилки RGB

RGB Амбиентални LED Светилки со 16 милиони бои, 213 светлосни ефекти и синхронизација со музика. Управување преку мобилна апликација, далечински управувач или USB контролер, со можност за поставување тајмер, прилагодување на јачината и брзината на ефектите. Идеални за телевизор, гејминг сетап, дневна или спална соба.

Редовна цена 590.00 ден.
Редовна цена 990.00 ден. Цена со попуст 590.00 ден.
-40%
Со вклучен ДДВ

SKU:26896

На залиха

Купи повеќе и заштеди

Видете ги сите детали
Детален опис на производот

Создадете уникатна атмосфера во вашиот дом со овие RGB Амбиентални LED Светилки. Благодарение на динамичните светлосни ефекти, 16 милиони бои и повеќе од 213 ефекти на осветлување, лесно ќе го прилагодите амбиентот според вашето расположение – без разлика дали гледате филм, играте игри, слушате музика или едноставно сакате релаксирачка атмосфера.

Светилките поддржуваат синхронизација со музика, при што светлината реагира на ритамот и создава впечатлив визуелен ефект. Преку мобилната апликација можете да ја менувате бојата, јачината на светлината, брзината на ефектите, како и да поставите тајмер за автоматско вклучување и исклучување. Дополнително, управувањето е можно и со далечински управувач или преку контролерот на USB кабелот.

Напојувањето е преку USB, што овозможува поврзување со телевизор, компјутер, полнач или power bank. Светилките се идеален избор за дневна соба, спална, гејминг сетап, канцеларија или било кој простор каде сакате модерно и впечатливо RGB осветлување.

Карактеристики:

  • RGB LED амбиентални светилки
  • 16 милиони бои
  • 213 динамични светлосни ефекти 
  • Синхронизација со музика
  • Прилагодување на јачината на светлината
  • Регулација на брзината на светлосните ефекти
  • Тајмер за автоматско вклучување и исклучување
  • Управување преку мобилна апликација, далечински управувач и контролер
  • USB напојување
  • Висина на светилката: 33.5 cm
  • Висина без постоље: 31 cm
  • Дијаметар на постоље: 9 cm

Во комплетот добивате

2x RGB LED амбиентални светилки
1x USB кабел со контролер
1x Далечински управувач
Упатство за користење