






Ултрасоничен навлажнувач за воздух – тивка хидратација за здрав дом!
Во зимскиот период, сувиот воздух предизвикан од грејните тела може да доведе до кашлица, сува кожа, потешкотии во спиењето и општа нелагодност. Нашиот ултрасоничен тивок навлажнувач е совршено решение за подобрување на квалитетот на воздухот во вашиот дом.
Со капацитет на резервоар од 1.3L, овој уред е погоден за простории до 25м². Има можност за прилагодување на интензитетот на пареата, како и вградено амбиентално LED светло кое создава пријатна атмосфера. Може да се користи во дневна, спална, детска соба или работен простор.
✨ Клучни карактеристики:
- ✅ Тивко работење – не пречи додека спиете или работите
- ✅ Подесување на интензитетот на пареа – според вашите потреби
- ✅ Амбиентално LED светло – додава топлина и релаксација во просторијата
- ✅ Автоматско исклучување – вградена заштита доколку остане без вода
- ✅ Може да се користи со есенцијални масла – за дополнителен мирис и здравствени бенефити
🎨 Достапен во 4 бои: розева, бела, сина и виолетова
Напомена: есенцијалните масла се додаваат во долниот дел од уредот, а не во резервоарот за вода.