
Divine ланчето „Crystal Bloom Heart“ е нежна комбинација од романтика и елеганција. Приврзокот во форма на срце е украсен со блескави Swarovski кристали, а во неговата внатрешност кристалите формираат прекрасен цветен мотив кој му дава посебен и впечатлив изглед.
- Боја на основата: сребрена
- Боја на кристалите: бела / прозирна
- Кристали: Swarovski
- Должина на ланчето: 40–46 cm
- Големина на приверзокот: 1.7цм.
Срце со Цветен Мотив
Комбинацијата на срце и цвет создава женствен и романтичен дизајн. Поголемите кристали во форма на ливчиња се надополнети со низа ситни Swarovski кристали по целиот раб на приврзокот, создавајќи богат сјај при движење.
Висококвалитетни Материјали
Изработено од квалитетен медицински челик, ланчето нуди издржливост и долготраен изглед. Swarovski кристалите дополнително ја нагласуваат неговата елегантна и луксузна завршница.
1 Година Гаранција
Со секое Divine ланче добивате 1 година гаранција. Прилагодливата должина од 40 до 46 cm овозможува лесно приспособување и удобно носење.