Наследникот на најдобриот Air Purifier 2S пристигна. Ви го претставуваме новиот и подобрен Xiaomi Air Purifier 3. За разлика од Air Purifier 2S , Xiaomi Air Purifier 3 има зголомена моќ автоматски тоа придонесува поголема можност за филтрирање, филтерот е подобрен а исто така е и потивок.
Xiaomi Air Purifier 3 ги има следните можности:
- Трослоен филтер
Филтерот се состои од 3 нивоа на филтрација создадени од Toray HEPA филтер и активен јаглен. Прочистува ПМ 2.5, ПМ 0.3 до 0.5, полен, прашина, честички, човечки и животински влакна.
- Smart уред
Апликацијата Xiaomi Mi Home овозможува да го надгледувате квалитетот на воздух во Вашиот дом директно од телефон во секое време и да го користете Вашиот телефон како далечинско за вклучување, исклучување и префрлување на различен режим според моменталните потреби. Дополнително уредот Ви овозможува да ја измерите загаденоста, влажноста и температурата на воздухот во Вашиот дом. Уредот сам препознава кога треба да се уклучи и исклучи за да го одржува воздухот секогаш чист и свеж.
- Брзо прочистување
Цилиндричниот филтер од 360 ° го прочистува воздухот поефикасно од секоја насока во споредба со конвенционалните воздушни прочистувачи. Нуди висока стапка на чист воздух од 380m3 / h (Clean Air Delivery Rate – CADR) и потребни се само 10 минути за да го циркулира прочистениот воздух во Вашата соба.
- OLED екран осетлив на допир кој го прикажува квалитетот на воздухот што го дишете
- Ултра-тивок и енергетски ефикасен
- Уредот троши од 1,5W-35W. Споредбено троши струја колку само една LED светилка.
Технички карактеристики:
Прочистува оптимално до 45м2 (380m3/час)
Wi-Fi модул
Ласерски сензор за квалитет на воздух SHINYEI (Japan)
Сензор за топлина и влажност на воздухот Sensirion AG (Switzerland)
Потрошувачка од 1.5 W од 38 W
360 степени филтрација
Номинална снага: 38w
Моќност при подготвеност: 2w
Номинален влез: ac 100 – 240v
Номинален излез: dc 24v
Номинална фреквенција: 50 / 60hz
Димензија на производот: 24 x 24 x 52cm
Тежина: 4.5kg (вклучен филтер).