Паметни ЛЕД сијалички со кои ќе го украсите вашиот дом,елката или пак балконот. Сијаличките може да се контролираат на 3 начини преку копчето на USB приклучокот, преку далечинско или со мобилна апликација преку Bluetooth.
Овие сијалички можат да се постават да светат во сите бои, појако или послабо, боите можат да се мешат и да се поставуваат во различни ефекти на движење.
Со помош на мобилната апликација ќе можете да наместите преку 100 различни ефекти на светење и движење, а ќе можете и самите да си дизајнирате како да ви светкаат.
Тука е и ефектот на играње на музика со помош на кој можете да си пуштите музика од телефонот и сијаличките да играат според музиката.
Опцијата за тајмер исто така е многу корисна со помош на таа функција ќе можете да ги наместите сијаличките сами да се вклучуваат и да се исклучуваат во одредено време од денот.
Сијаличките работат на 5v USB приклучок и ќе можете да ги приклучите во адаптер за мобилен,во компјутер или пак на преносна батерија(power bank).
Во комплетот ќе добиете:
1х10м сијалички
1хДалечинско