Смарт часовникот Vokuss BK9 е часовникот кој треба да го имате ако сакате да видете во тек со модерното време. Часовникот е опремен со многубројни сензори кои ја следат состојбата на вашето здравје како мерење чекори, мерење на спиење, отчукување на срцето, крвен притисок, нивото на кислород во крвта и сл.
Часовникот се поврзува со вашиот паметен телефон преку сопствена апликација и сите важни податоци можете да си ги следите од таму.
Има вградени 8 стила на позадина на часовникот, а ќе можете и да си превземете некоја друга од маркетот на апликацијата кој има многу бесплатни позадини.
Часовникот исто така поседува микрофон и вграден звучник па со него ќе можете да слушате музика, да повикувате виртуелни асистенти или пак да разговарате со некого по телефон.
АМОLED екранот од 2 инчи и минималистичките рамки нудат кристално чиста слика и совршена светлина во било кој дел од денот.
Во комплет со часовникот ќе добиете и магнетен полнач кој се поврзува со часовникот за безжично полнење. Со едно полнење на батеријата ќе можете да го користите часовникот и до 72ч. во зависност од сетинзите кои ви се подесени на часовникот.
Часовникот е достапен со 4 бои на ременче – црна,сива,розева и прлаво бела.
Технички Карактеристики:
Големина на екран: 2.2 инчи
Капацитет на батерија:420mAh
Блутут верзија: 5.0
Рејтинг на водоотпорност: IP68