GoShopping.com.mk ја почитува Вашата приватност и ги заштитува Вашите лични податоци согласно законските прописи.
Предмет на Политиката за приватност
Оваа политика се однесува на начинот на кој GOSHOPPING.COM.MK ги обработува личните и други податоци преку кои може да се изврши лична идентификација како што се Вашето име и презиме, телефонскиот број, адреса, e-mail адреса, како и дополнителни демографски информации кои инаку не се јавно достапни, вклучувајќи ги и информациите во врска со Вашето користење на производите и услугите на GOSHOPPING.COM.MK.
Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно.
Собирање на лични податоци
GOSHOPPING.COM.MK ги собира и ги обработува Вашите лични податоци кога се регистрирате како корисник на неговите производи и услуги, кога се регистрирате онлајн на неговите веб страници како корисник на онлајн услугите, кога ги посетувате неговите веб страници или веб страниците на одредени партнери на GOSHOPPING.COM.MK, како и кога учествувате во промоции или наградни игри. GOSHOPPING.COM.MK може да Ве регистрира како корисник на производите и услугите преку дефинираните продажни места како и онлајн преку своите страници дефинирани за регистрација.
Кога се регистрирате, од Вас бараме лични податоци, а соодветно на потребите и услугите, GOSHOPPING.COM.MK може да побара и дополнителни податоци.
Кога се регистрирате онлајн, посебно кога е потребен пренос на строго доверливи информации, GOSHOPPING.COM.MK го заштитува протокот на Вашите лични податоци преку мрежата со SSL протоколот за заштита на информации.
GOSHOPPING.COM.MK собира информации за Вашите трансакции со него и со неговите деловни партнери, вклучувајќи ги и информациите за плаќањето на производите и услугите кои ги нуди.
GOSHOPPING.COM.MK може да прибира информации за Вашата посета, вклучувајќи ги страните кои ги гледате, линковите на кои кликнувате и други активности поврзани со сајтовите и услугите на GoShopping.com.mk и може да прави записи на активноста на корисникот.
Ве молиме да имате предвид дека во случај да откриете лични податоци преку групите на GOSHOPPING.COM.MK или други јавни онлајн форуми, истите може да ги приберат и да ги користат и други. Затоа, Ве советуваме и Ве предупредуваме да не ги откривате своите лични податоци онлајн на непознати, со цел да се спречи нивно неовластено користење или злоупотреба.
Употреба, споделување и откривање на информации
- GoShopping.com.mk ги собира и ги обработува Вашите лични податоци за:
- Регистрирање на купувачи и продавачи на онлајн сервисот на GoShopping.com.mk
- Подобрување на услугите
- Наплата на услугите
- Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на вашите интереси, врз основа на Ваша изречна согласност
- GoShopping.com.mk ги користи Вашите лични податоци од Вашите профил за да комуницира со Вас. Тоа значи дека GoShopping.com.mk:
- Може да праќа одредени задолжителни известувања и писма како што се писма за добредојде, опомени за плаќање, информации за прашања за технички услуги и известувања за безбедност, електронски писма на Вашата е-mail адреса за известување во процесот на регистрација за одреден негов производ или услуга, и сл.
- Може да праќа периодични писма до корисниците, кои се сметаат за дел од услугата на GoShopping.com.mk
- GoShopping.com.mk ги обработува Вашите лични податоци единствено за целите за кои се собрани, а кои се подетално опишани во точка 1 од овој член. GoShopping.com.mk може да врши обработка и за други цели врз основа на Ваша согласност или во следните случаи:
- Обработка на лични податоци од страна на партнери од доверба кои работат во име на или со GOSHOPPING.COM.MK, врз основа на договори за обработка на податоци со кои се обврзуваат на сигурност и тајност на личните податоци. Овие компании, во име и за сметка на GoShopping.com.mk можат да ги користат Вашите лични податоци за да комуницираат со Вас за понуди на производи и услуги на GoShopping.com.mk. Овие компании можат да ги обработуваат Вашите лични податоци во согласност со насоките што ги добиваат од GoShopping.com.mk. Тие немаат право да вршат обработка на Вашите лични податоци за цели кои не се восогласност со договорената деловна соработка.
- Обработка на лични податоци од страна на надлежни органи врз основа на судски налог и во судски постапки каде што постои законска основа за тоа.
- Вашите лични податоци може да бидат дадени на понатамошна обработка на друго правно лице доколку се промени правниот субјективитет на GOSHOPPING.COM.MK (спојување со или припојување кон друга компанија, трансформација на компанијата, отварање на друга компанија со исти сопственици). Во овој случај, GoShopping.com.mk ќе Ве извести пред Вашите податоци да бидат дадени на обработка на новиот правен субјект и пред нивната обработка да стане предмет на поинаква Политика за приватност.
Користење на “Колачиња“
Cookie е мал фајл со текст кој е ставен на Вашиот хард диск од страна на Вашиот сервер на веб страницата. Колачињата содржат информации кои можат да бидат прочитани подоцна од веб серверот во доменот кој Ви ги издава колачињата. Колачињата не можат да се користат за работење со програми или пак да пренесат вируси на Вашиот компјутер.
- GOSHOPPING.COM.MK користи “колачиња” за да Ви овозможи да се пријавите на услугите на GOSHOPPING.COM.MK и да Ви помогне да го персонализирате Вашето онлајн искуство.
- GOSHOPPING.COM.MK може да ги постави и да има пристап до колачињата на GoShopping.com.mk на Вашиот компјутер.
- Употребата на колачиња од страна на други компании е предмет на нивни сопствени политики за приватност, а не на овие Општи услови. Огласувачите или другите компании немаат пристап до колачињата на GOSHOPPING.COM.MK.
- GOSHOPPING.COM.MK нема пристап до колачињата кои може да бидат поставени на Вашиот компјутер од рекламните мрежи на други компании.
Колачиња кои во моментот се користат на нашиот веб сајт се:
- _fbp – колаче поставено од Facebook за прикажување на реклами поврзани со нашите производи.
2. fr – колаче исто така поставено од Facebook за следење на вашите интереси за нашите производи.
3. tk_or – колаче поставено од плaгин за аналитика која ја користиме за анализа на посетеноста и сл.
4. tk_r3d – колаче кое ја следи вашата активност на нашиот сајт со цел да го подобри вашето исуство со него.
5. tk_lr – колаче поставено од плaгин за аналитика која ја користиме за анализа на посетеноста и сл.
Регистрација на профил
- На нашата веб страница можете да извршите регистрација на профил на кој ќе ги внесете вашите лични податоци како Име Презиме,Адреса, тел ,е-маил и сл.
- Целта на регистрацијата на профил е да ги имате податоците за секоја следна нарачка и полесно да менаџирате со нарачките.
- Податоците кои ќе ги внесете при регистрација на профил се чуваат на безбедносен сервер.
Контрола на Вашите е-mail адреси и Вашите информации
- Може да извршите промена на информациите од Вашиот профил на GOSHOPPING.COM.MK
- За бришење на Вашиот профил на GOSHOPPING.COM.MK потребно е да ни испратите емаил со иформациите како име, презиме, телефон, емаил и текст дека сакате да го избришеме вашиот профил како и причините поради кои сакате да престанете со користење на услугите на GoShopping.com.mk одкако ќе ни потврдите телефонски дека сакате да го избришеме вашиот профил истото ќе биде остварено од наша страна.
Контакт
- На страницата за КОНТАКТ имаме подготвено форма за испраќање порака дирекно до нас. Податоците кои ќе ги внесете во формата се чуваат безбедно и подлежат под политиката на приватност.
Доверливост и безбедност
- Пристапот до Вашите лични податоци во GOSHOPPING.COM.MK е ограничен на оние вработени и трговци кои тргуваат преку GOSHOPPING.COM.MK за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги или производи.
- Ги преземаме сите потребни технички и организациски мерки за обезбедување на сигурност и тајност на Вашите лични податоци, сè во согласност со постојните законски прописи од оваа област, со цел да ги заштитиме истите од неовластен пристап, неовластено откривање, неовластена обработка или злоупотреба.
- Кога пренесуваме чувствителни податоци (како број на кредитна картичка или лозинка) преку Интернет, ги штитиме преку користење на шифрирање, како Secure Socket Layer (SSL) протоколот.
- Плаќањето со кредитна картичка се одвива преку онлајн пос-терминал на Халк Банка АД Скопје и goshopping.com.mk нема пристап до податоците на вашите картички.
Офицер за заштита на лични податоци
Контакт : Ангелина
тел. 070/666-448
e-mail: angelina@goshopping.com.mk